Дарко Панчев е посебна инспирација – Златната копачка им посака успех на младинците и голови во мрежата на Франција

Дарко Панчев пријатно ги изненади младите македонски репрезентативци со посета пред денешниот квалификациски дуел со Франција за настап на Европското првенство во 2023 година.

Најдобриот македонски фудбалер за минатиот век и единствениот што ја има Златната копачка за најдобар стрелец во Европа им посака успех на младинците и многу голови во мрежата на Галските петли.

Со него во посета на младинците пристигна и неговиот некогашен соиграч од Вардар, Бобан Бабунски, а селектор на Македонија е Драган Канатларовски, уште еден извонреден фудбалер што настапуваше со популарната Кобра и во Вардар и во Црвена ѕвезда, но и за А репрезентацијата на Македонија.

Мечот меѓу Македонија и Франција се игра денеска, на Националната арена „Тодор Проески“ во Скопје од 18.30 часот.

 

- Оглас -

Најнови вести