Де Бројне: Тактиката за Јунајтед ја смисливме за 15 минути

Градското дерби кое вчера се одигра на „Олд Трафорд“ му припадна на актулениот бранител на трофејот во Лига купот на Англија. Сити во реваншот ќе влезе со предност од 3-1, што значи дека избраниците на Пеп Гвардиола со една нога веќе се во финалето.

Граѓаните лесно дојдоа до трите погодоци, од 17-тата до 38-та минута речиси да беше одлучен победникот, иако Јунајтед преку Рашфорд намали на 1-3 во вториот дел. Кевин де Бројне, еден од најдобрите играчи на англискиот првак, откри колку време било потребно за да се подготви тактиката во пресрет на дербито.

„Утрото пред мечот имавме 15 минути тренинг, толку ни требаше за да ја најдеме победничката формула. Но за првпат не го сторивме тоа, а претходно сме наоѓале решенија за брзо време против одредени екипи, како на пример против Кардиф“, истакна Де Бројне.

Реваншот на „Етихад“ е закажан за 29 јануари, со почеток во 20:45 часот.

- Оглас -

Најнови вести