Мајсторите за обложување ќе го слават Де Хеа бидејќи им донесе големи добивки

Давид де Хеа со одбранетитот пенал против Вест хем во 93-тата минута им донесе големи добивки на тројца мајстори за обложување.

Два тикети се уплатени со сума од по 50, додека третиот е со 60 денари, а благодарение на големите квоти од Sport Life, обложувачите си заработија убави суми. И на трите тикети беше играно Х-2 на овој меч.

ДЕРБИ-МЕЧЕВИТЕ ВО ИТАЛИЈА И СРБИЈА БЕА СИГУРЕН „ИКС“

Мајсторот од Богданци излезе побогат за 134.960 илјади денари, а покрај мечот Вест хем – Манчестер јунајтед, тој играше дека на двете големи дербиња кои овој викенд се одиграа во Србија и Италија ќе биде нерешено.

Партизан и Црвена ѕвезда одиграа 1:1, а голот за гостите го постигна Александар Катаи во 81-вата минута. Со ист резултат одиграа Јувентус и Милан, а таму „отвори“ Мората во четвртата, а израмни Анте Ребиќ во 76-тата минута.

Покрај овие два меча, на тикетот има уште еден „икс“, а тоа е средбата меѓу Реал Сосиедад и Севиља, кој пак заврши без погодоци, иако имаше шанси за такво нешто бидејќи Ојарзабал промаши пенал за домаќините во средината на првото полувреме.

Марсеј и Рен одиграа возбудлив натпревар на кој славеа домашните со 2:0, но за тикетот да биде добитен, на полувреме требаше да биде нерешено, што и се случи. Добитната „шесторка“ ја комплетираа Штутгарт и Баер Леверкузен, каде што се бараше гостинска победа и најмалку три погодоци. „Фармацевтите“ одиграа како што треба и победија со 3:1 на ова гостување.

ФОТО-ФИНИШ СО СРЕЌЕН КРАЈ

Мајсторот за обложување од Дебар покрај одбранетиот пенал, имаше и уште неколку натпревари кои беа решени во последните минути и му донесоа убава добивка од 121 илјада денари. Пред сè, тука се мисли на дуелите ПСЖ – Лион и Валенсија – Реал Мадрид. Интересно е што на сите натпревари тој имаше играно дека на полувреме ќе биде нерешено.

Тимот од Париз дојде до триумфот благодарение на голот на Икарди во 92-рата минута, а Кралевите пак пред самиот крај постигнаа два погодоци преку Бензема и Винисиус и донесоа голема радост. Челзи славеше рутинирано против Тотенхем.

Последен меч којшто се чекаше за добивка беше меѓу Есторил и Спортинг Лисабон, а гостите со голот на Педро Поро од пенал во 67-мата минута дојдоа до победата и со тоа беше заверена и добивката.

ИЗНЕНАДУВАЊАТА НОСАТ ГОЛЕМИ ДОБИВКИ

И ова коло имаше неколку „нагазни мини“, а токму на тие мајсторот од Кичево успеа да заработи 103 илјади денари. Кога сите очекуваа победа на Лајпциг над Келн и дека Мајнц ќе слави над Фрајбург, тој одигра „нула“ и беше во право.

Потоа шампионот од Франција, Лил, беше виден како победник во мечот со Ленс, но прогнозерот и домашниот тим не мислеа така, туку напротив, се радуваа на успехот.

Столе Димитриевски и Радамел Фалкао дополнително го израдуваа со својот тим Рајо Валјекано, кој беше убедлив против Хетафе и победи со 3:0. Осасуна и Ватфорд триумфираа на гостувањата кај Алавес и Норвич, а Астон вила го „прегази“ Евертон во едно од дерби-мечевите од Премиер лигата, каде што што славеше со 3:0.

ФАВОРИТСКИ И ОД „ДВА ДО ЧЕТИРИ“ ГОЛА

Обложувачот од Топанско Поле ни покажа дека не треба да се играат голем број фаворити за солидна добивка. Тој со 60 уплатени денари, имаше три средби на својот тикет, а како што кажавме, благодарение на големите квоти од Sport Life, си доби над 50 илјади денари.

Единствена разлика од претходните два одиграни тикети кајшто ги има средбите: Вест хем – Манчестер јунајтед, Валенсија – Реал Мадрид  Тотенхем – Челзи, е тоа што тука се ограничени од два до четири погодоци. Сосема јасно, си доби многу поголеми квоти и сега му преостанува да му ја мисли како ќе ги троши парите.

- Оглас -

Најнови вести