Полуфиналните европски бараж дуели за пласман на Светско првенство се одиграа синоќа, а еден тикет кој беше уплатен во Велес го има приматот за „Малер на денот“. На влог од само 120 денари, само еден меч е промашен за добивката да изнесува 257.663 денари. На тикетот се седум европски баражи, плус еден меч на У21 селекциите на Луксембург и Франција, како и контролниот дуел меѓу Бразил и Франција и тие се погодени.
Од сите одиграни комбинации, промашена е само таа на средбата меѓу Словачка и Косово. Претчувството било дека ќе има повеќе голови, па одиграно е дека на крајот ќе бидат постигнати меѓу три и четири гола. Сепак, оваа граница беше многу надмината и беа постигнати дури седум голови. На крајот, Косово како гостин победи со 3:4, што значи дека наместо играта од 3-4 гола, да било точен резултат 3:4 би било погодено, но вака тикетот е недобитен.


