Де ла Фуенте ја подели Шпанија, заслужи ли некој од Реал да биде во Црвената фурија?

Отсуството на фудбалери на Реал Мадрид од конечната листа од 26 фудбалери кои ќе ја претставуваат Шпанија на Светското првенство, предизвика лавина од реакции на Пиринејскиот полуостров.

Фановите на Реал се разочарани и бесни што првпат во историјата во шпанскиот тим ќе нема играчи од Кралскиот клуб на СП, и коментираат дека не се поистоветуваат со овој состав, половина Шпанија нема да навива за овој тим и дека селекторот направил поделба во државата.

Од друга страна, анти-мадридистите потсетуваат дека на клучните мечеви на Реал како оној со Баерн во Минхен, во почетниот тим на Реал немаше ниеден Шпанец и тоа е потврда дека никој од нив не заслужува да биде на СП.

Реалноста е таква, освен Дин Хаусен, ниеден друг Шпанец немаше големи шанси да се најде во составот. Се веруваше дека Хаусен ќе биде во тимот, но извиси во последен момент. Дефанзивецот роден во Холандија сподели објава на татко му на Инстаграм со слика од идеалниот тим на Ла Лига на „Софаскор“ за оваа сезона според просекот на оценки. Таму Хаусен има подобра просечна оценка од Кубарси и Ерик Гарсија кои ќе бидат на СП.

Барселона ќе има осум играчи во составот, меѓу нив и Гави кој пропушто најголем дел од сезонава и Ерик Гарсија кој не играл за Шпанија уште од претходното СП.

- Оглас -

Најнови вести