Де Лаурентис ја призна грешката со тренерите, по секоја цена го сака Конте за следната сезона

Сопственикот на Наполи, Аурелио де Лаурентис, сфати дека неговата тврдоглавост сезонава скапо го чинеше и планира да одвои вистинско богатство за еден од најдобрите тренери на денешницата, Антонио Конте.

Минатата сезона кога Наполи ја освои титулата со Лучано Спалети, Де Лаурентис не му ги исполни барањата на тренерот за засилувања и нов договор, по што тој си замина и седна на клупата на италијанската репрезентација, а сопственикот на тимот правеше погрешни избори на тренерската позиција.

Тој се одлучи за наследник на Спалети да биде Руди Гарсија, кој доби „клоца“ само по четири месеци, а уште помалку на клупата остана Валтер Мацари.

Екипата до крајот на сезоната ја води Франческо Калцона, но нема големо подобрување на резултатите и Наполи идната сезона сигурно нема да игра во Лигата на шампионите, што ќе претставува голем финансиски удар, а прашање е дали ќе обезбеди пласман во другите две европски натпреварувања.

Поради тоа, Де Лаурентис одлучи следната сезона да не експериментира и е подговен да плати богатство за Конте, за кого верува дека ќе ги исполни сите зацртани цели. Според италијанските медиуми, тој на Конте му нуди годишна плата од осум милиони евра, но му гарантира и една работа која му е поважна на тренерот од парите, тоа е слобода сам да ги бира засилувањата.

- Оглас -

Најнови вести