Де Лаурентис официјално ја поддржа Суперлигата, но бара таа да биде како НБА!

Контроверзниот претседател на Наполи, Аурелио де Лаурентис, и официјално ја поздрави одлуката на европскиот суд со која се дозволува формирањето на Суперлигата. Тој за италијанските медиуми призна дека имал состаноци со Флорентино Перес за оваа идеја и дека Наполи е подготвен да учествува, но за разлика од директорот на Суперлигата, Де Лаурентис има малку поинакви размислувања.

„Имав состаноци со претседателот на Реал, Флорентино Перес, и се согласивме дека сите мора да разговараме за нашите идеи. Фудбалот го водат стари луѓе без визија. Фудбалот е бизнис и тој мора да расте. Вложувам милиони за да се натпреварувам во овој циркуз, а добивам само трошки. Тоа ме тера да се коцкам и да вложувам уште повеќе во проект кој не се исплати. Италијанската лига има повеќе клубови од претходно, затоа приходите се намалија. Веднаш би стартувал со Е-лига. Буквата Е значи елита. Би се натпреварувале само клубови со голем број навивачи, вкупно 14. Токму навивачите би одлучиле кои екипи ќе се натпреваруваат. Стадионите би биле преполни, како на НБА-натпреварите“, вели Де Лаурентис за италијанскиот „Кориере дело спорт“.

- Оглас -

Најнови вести