Де Лихт го чекаат во Барселона, а неговиот агент „готви“ договор во Париз

Изминативе неколку дена се тврдеше дека трансферот на Матајс де Лихт во Барселона е речиси завршен, но во последен момент може да се случи пресврт. Неговиот агент Мино Рајола наводно е во Париз, каде што преговара со претставници на ПСЖ околу можна преселба во француската престолнина.

Како што најавува реномираниот италијански новинар за трансфери Џанлука ди Марцио, кој воедно бурно ја следи ситуацијата со младиот Холанѓанец, тврди дека Светците се во пол-позиција за неговиот потпис бидејќи понудиле пет милиони повеќе од Барселона, поточно 80 милиони евра, додека Де Лихт го чека и повисока плата од онаа што би ја заработувал во редовите на шпанскиот првак.

Битката за потписот на капитенот на Ајакс на почетокот се водеше меѓу неколку европски гиганти, како Јувентус, Ливерпул, Реал Мадрид, двата клуба од Манчестер и веќе споменатите Барселона и ПСЖ, но со оглед дека понудата од францускиот првак е најбогата, Рајола ќе се обиде да го наговори Де Лихт да ја прифати неа.

Сепак, последната одлука ќе биде на самиот дефанзивец. Дали нафтените милиони ќе ја одиграат главната улога во одлуката на Де Лихт или, пак, ќе ја одбере Барса за да игра покрај еден од најдобрите на сите времиња Лео Меси, како и досегашниот клупски колега од Ајакс, Френки де Јонг, ќе се дознае наскоро.

- Оглас -

Најнови вести