Де Паул асистираше за опстанок на Удинезе

Удинезе го совлада СПАЛ со 3-2 и дојде на чекор од обезбедување опстанок во италијанската Серија А. Екипата од Удине во првото полувреме имаше убедливо водство од 3-0, а асистент при сите три гола беше Родриго Де Паул. Аргентинецот е прв играч во италијанската лига по Џонатан Бијабjани од 2010 година на меч Интер – Парма, кој имал три асистенции во прво полувреме од еден меч.

Самир даде еден, а Стефано Окака два гола. Окака за првпат после пет години, погоди на два меча по ред. Петања и Валоти погодија за гостите, СПАЛ се закани, имаше уште половина час за да спречи победа на Удинезе, но домашните се одбранија и освоија мошне важни три бода.

Доколку Џенова не го совлада Калјари, тогаш Удинезе уште вечерва ќе обезбеди опстанок. Во спротивно, ќе треба да почека до утре, или најдоцна до следната недела.

- Оглас -

Најнови вести