Де Роси дебитираше со гол за Бока јуниорс, Алмагро приреди сензација на „Бомбониера“ (Видео)

Даниеле де Роси дебитираше со гол за Бока јуниорс, но комплетниот впечаток му го расипаа играчите на второлигашот Алмагро со сензационална победа во меч од аргентинскиот куп.

Поранешниот италијански репрезентативец беше поздравен со овации на легендарната „Бонбониера“ а атмосферата кулминираше кога Де Роси постигна гол во 27-мата минута.

https://www.youtube.com/watch?v=PmtFaSJ_YKY

Сè до финишот, Бока имаше предност од 1:0 во дуелот со второлигашот, но за Алмагро израмни Мартинес во 82-рата минута, па победникот го одлучуваа пеналите.

Тука катастрофални утки имаа домаќините, не погодија три од четирите удари од белата точка, а гостите беа прецизни трипати, доволно за голема сензација и елиминација на големиот фаворит.

Алмагро е една од ретките екипи во Аргентина што има подобар меѓусебен скор во дуелите со Бока јуниорс, а сега билансот им е две победи, две нерешени и еден пораз.

- Оглас -

Најнови вести