Дебакл во најава: Реал губи со 0-2 против Бриж (видео)

Клуб Бриж најавува нов дебакл за Реал Мадрид со нивното шокантно водство од 2-0 на „Сантијаго Бернабеу“. Гостите од Белгија ја искористија и втората голема прилика да се заканат кон голот на Тибо Куртоа, а Денис и вторпат на мечот го совлада белгискиот чувар на мрежата.

Ако првиот погодок во деветтата минута беше шокантен за Кралевите, сега следуваше ладен туш за составот на Зинедин Зидан. Голгетерот на Бриж вторпат на овој меч се радуваше на погодок, па Бриж има сензационални 2-0 по првото полувреме.

На втората средба, која започна од 18:55 часот меѓу Аталанта и Шахта Донецк, резултатот по 45 минути игра е 1-1.

https://twitter.com/KramponGoal/status/1179088324167966720

- Оглас -

Најнови вести