„Дебело“ ќе го наплати отказот: Куман добива историска отпремнина од Барселона

Роналд Куман „дебело“ ќе го наплати отказот од Барселона.

Според шпанските медиуми, холандскиот стратег за предвременото раскинување на договорот ќе инкасира 12 милиони евра, што според нив, претставува историска отштета од страна на некој тренер.

Иако претседателот на Барселона, Хуан Лапорта, до последните мигови му веруваше на тренерот, сепак, резултатите не се подобрија, па и покрај катастрофалната финансиска ситуација во која се наоѓа тимот, тој реши да му даде отказ.

Останува да се види кој ќе биде замената на Куман, а како најсериозен кандидат е легендата на клубот, Чави.

- Оглас -

Најнови вести