Дебитантскиот дрес на Вембањама продаден за рекордна сума

Дресот на кошаркарот на Сан Антонио спарс, Виктор Вембањама, кој го носеше на неговиот прв натпревар во НБА-лигата е продаден за 762.000 долари.

Почетната сума на аукцијата која ја организираше „Сотбис“ изнесуваше 80.000 долари, а дресот е продаден за деветпати поголема сума. Ова воедно претставува рекордна продажба на дел од опрема која била носена на дебитантски натпревар во НБА-лигата.

За тоа каква атракција претставува 221 сантиметар високиот Вембањама, најдобро покажува податокот дека дебитантскиот дрес на Зајон Вилијамс од 2020 година е продаден само за 80.400 долари.

Првиот избор на годинешниот драфт во досегашниот дел од сезоната постигнува просечно по 18,6 поени, 9,1 скокови и 2,6 блокади по натпревар.

- Оглас -

Најнови вести