Дебрецин губеше до 91-ва минута, на крај победи со гол на Бабунски!

Дебрецин го победи Пакс со 2-1 во меч од унгарската лига на кој беше виден пресврт во стилот на Манчестер јунајтед од финалето на ЛШ против Баерн во 1999 година.

До 91-ва минута, гостите водеа со 1-0, но Дебрецин најпрвин изедначи, а со голот на Дориан Бабунски во 96-та минута, и победи на овој луд меч. За Бабунски ова е седми гол сезонава во унгарскиот шампионат. Дебрецин е четврти на табелата.

- Оглас -

Најнови вести