Момчето на прославената Лариса Рикелме заглави во затвор поради педофилија, а сега го користи Коронавирусот за да излезе на слобода!

Сите оние кои ги следеа натпреварите од Светското првенство во 2010 година се запознаа и со Лариса Рикелме. Девојката која стана хит на трибините, посебно кога играше репрезентацијата на Парагвај, од каде што таа доаѓа. Лариса беше прогласена за најатрактивната девојка на Мундијалот, а тоа го привлече и вниманието на многу фудбалери.

Џонатан Фабро е играчот кој го освои срцето на Лариса, со која има и ќерка. Сепак, Фабро има и своја мрачна страна. Фудбалерот беше обвинет за педофилија и заврши во затвор. Џонатан ја обљубил 11-годишната ќерка на неговиот брат Дарио, поради што од минатата година е на издржување на 14-годишна затворска казна. На судењето, кога била донесена пресудата, Лариса се онесвестила и морала да биде однесена со Брза помош.

Педофилот постојано се обидува да најде „дупка во законот“ за да излезе од затвор, па неколку пати досега имаше барање да биде пуштен на слобода, но неуспешно. Првиот пат Фабро се жалел на условите во затворот и дека тој како професионален фудбалер немал како да тренира и да ја одржи формата за кога некогаш ќе излезе од затвор, да може да продолжи со фудбалот. Тоа барање веднаш му беше отфрлено.

Корона-вирусот беше новата надеж за затвореникот. Фабро барал да биде пуштел од затвор поради стравот дека може да биде заразен од опасниот вирус. Првиот пат бил одбиен на 2 април, но потоа повторно вложил жалба, која Судот повторно ја одбил.

Фабро е поранешен репрезентативец на Парагвај, а во кариерата има настапувано и за двата најдобри аргентински клуба, Бока јуниорс и Ривер плејт. Во 2012 година беше прогласен за фудбалер на годината во Парагвај, а сега, како докажан педофил, моли да излезе од затвор.

- Оглас -

Најнови вести