Дедо Гордон бранеше и против Македонија, сега и на 39-години е како мачка со две одбрани на сезоната (Видео)

Крег Гордон се уште е врвен голман и на 39-годишна форма и со двете неверојатни одбрани на голот на Хартс против Рос Каунти ја потврди познатата фудбалска максима дека голманите се како виното, што постари тоа се и подобри.

Гордон има брането за Шкотска против Македонија, а се уште е прв голман на репрезентацијата на Храбрите Срца и вчера покажа зошто се уште е број 1.

Двете интервенции на мечот со Рос Каунти се спектакуларни и веројатно и најдобри во 2022 година, па и во целата сезона.

Гордон во топ-форма го очекува јунскиот бараж меч меѓу Шкостка и Украина, а потоа ако неговата репрезентација победи го чека и финалниот нокаут меч против Велс за настап на Мундијалот во Катар.

 

- Оглас -

Најнови вести