Дефанзивците се како мали деца покрај Ибрахимовиќ, тој може да игра до 50 години

Златан Ибрахимовиќ е една од ретките ѕвезди кои за време на репрезентативните обврски, имаше повеќе време за одмор, затоа што веќе се прости од националниот тим на Шведска. Искусниот 39-годишен голгетер на Милан, сезонава постигна девет погодоци во исто толку меча и најмногу благодарение на неговата игра, Росонерите се на челната позиција во Серија А.

Следен предизвик за Милан ќе биде гостувањето кај Наполи, а Наполитанците ако сакаат три бода, сигурно ќе мора да го сопрат Ибра. Тоа ќе биде многу тешко за што зборува и тренерот на Болоња, Синиша Михајловиќ.

„Ибрахимовиќ против дефанзивците во Серија А е како јас да играм против мојот петгодишен син. Сите му се плашат. Пред нашиот меч со Милан, на моите играчи им реков дека постојано треба да го маркираат Ибра. Тие му се тргаа и тој постигна два гола“, објаснува Михајловиќ.

Пофални зборови за Ибра имаше и од легендата на Рома, Франческо Тоти.

„Може да игра и со една нога до 50 години. Горд сум што го гледам дека е во ваква форма“, рече Тоти.

 

- Оглас -

Најнови вести