Дејан Манасков ќе „клава голој“ за Еурофарм Пелистер

Левото крило Дејан Манасков од денеска и официјално е нов член на македонскиот ракометен првак Еурофарм Пелистер.

„Неговото презиме предизвикува емоција кај армијата наши навивачи. Манасков пак ќе постигнува голови во дресот на Пелистер! Задоволство ни е што по децении и децении уште еден Манасков е наш член“, порачаа од клубот.

Манасков кој има 31 година, од денеска му се става на располагање на стручниот штаб.

Дејан кариерата ја почна во Металург, а има играно и за Вецлар, Рајн Некар Левен, Веспрем и Вардар 1961, додека со македонската репрезентација беше дел од сите успеси во последната една деценија. Има многу индивидуални признанија, а дебито за Е. Пелистер ќе го има на почетокот на плеј-офот во февруари.

 

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

- Оглас -

Најнови вести