Дејан Манасков ќе потпише за клубот чиј тренер е Чави Пасквал

По Кирил Лазаров во Барселона, и Дејан Манасков ќе има чест да работи со тренерот Чави Пасквал, и тоа во Динамо Букурешт.

Манасков, кој до пред повредата, пет години играше за унгарскиот Веспрем, одлучил кариерата да ја продолжи во Романија, и тоа во клубот на чија клупа е прославениот шпански стручњак.

Дејан, кој има 29 години, досега во кариерата има настапувано за: Металург, Вецлар, Вардар, Рајна-Некар Левен и за Веспрем.

- Оглас -

Најнови вести