Новиот Типстер шампион ги доби клучевите од СТАНОТ НА ВОДНО: Сите кои ми велеа дека џабе играм во Sport Life, сега молчат

Со Sport Life до стан на Водно е сонот кој му се исполни на Дејан Кузмановски од Битола. Битолчанецот ги доби клучевите од новиот стан кој го освои благодарение на неговата феноменална игра на најпопуларната на Sport Life, Типстер купот. Точно по една година од стартот на типстер сезоната, на крајот Дејан стигна до приматот ШАМПИОН во Сезоната 2019/20 и со тоа стигна до главната премија СТАН НА ВОДНО!

Кузмановски вели дека повеќе од 10 години активно игра во Sport Life, но дека оваа сезона прв пат се вклучил да биде дел од Типстер купот. Токму станот на Водно бил мотив да тргне во трка за најпримамлива премија.

„Уплаќам во обложувалница повеќе од 10 години. Започнав во Sport Life и останав лојален на оваа обложувалница. Сега најчесто си правам тикети на интернет-страницата, а потоа само со картичката ги уплаќам. Редовно играм, речиси секој ден, но првпат решив да бидам дел од Типстер купот. Секако, станот на Водно беше мојот предизвик“, започна Дејан со својата приказна во походот за да стигне до клучевите од станот.

НЕКОЛКУ МЕСЕЦИ ЕКСПЕРИМЕНТИРАЛ, НА КРАЈОТ ВИСТИНСКАТА ФОРМУЛА ЈА ПРОНАШОЛ БЛАГОДАРЕНИЕ НА АКЦИСКАТА ПОНУДА „ДО 50 ШАНСИ ЗА 100.000 ДЕНАРИ“

Оваа сезона Типстер купот се играше во девет посебни етапи. Секој месец по двајцата најдобропласирани од секој објект на Sport Life си обезбедуваа место во големото финале. За Дејан среќен бил февруари.

„Во почетните неколку месеци експериментирав за тоа како да стигнам до максимум поени. Во февруари ја најдов вистинската формула, и тоа благодарение на уште една акциска игра на Sport Life. Кога се појави ‘До 50 шанси за 100.000 денари’, започнав да редам по 50 натпревари на тикет. Тогаш видов дека така добивам најмногу поени и започнав да играм по тој модел. Се пласирав во финалето, а таму не ја сменив тактиката“, открива новиот сопственик на станот на Водно.

ПОГОДЕНИ 40 ОД 50 МЕЧЕВИ НА ТИКЕТ УПЛАТЕН НЕКОЛКУ ДЕНА ПО РЕД Е КЛУЧОТ ЗА ПРЕСВРТОТ

Во првите неколку денови од финалето, Дејан го немаше во Топ 3, но еден ден беше вистинска пресвртница. Со над 20.000 освоени поени, успеа не само да стигне до врвот туку и да создаде солидна предност пред сите останати.

„Имаше неколку дена кога понудата беше послаба, па решив да правам исти тикети со мечеви од викендот. Ги уплаќав истите тикети во вторник, среда, четврток, петок и за викенд. На еден од тие тикети кои ги уплаќав повеќе дена едно по друго успеав да погодам 40 од 50 натпревари. Тоа значеше дека добивам максимални 5.020 поени за тикет кој не е добитен. Бидејќи тоа беше тикет со мечеви од викендот, само за 24 часа заработив повеќе од 20.000 поени и избив на првото место“,  вели Дејан објаснувајќи го походот до освојување на станот на Водно.

ДОСЕГА НИКОГАШ НЕМАЛ ОСВОЕНО ПОВЕЌЕ ОД 100 ЕВРА ДОБИВКА, НО НЕ СЕ ОТКАЖАЛ

Дејан е вљубеник во спортот, а од фудбалските клубови негов омилен тим му е Арсенал, па логично англиската Премиер лига му е и најатрактивна за обложување. Сака да игра на голови, но вели дека досега немал поголема добивка од 100 евра.

„Сакам да се обложувам на англискиот фудбал. Играм од Премиер лигата, но не ги запоставувам и послабите англиски лиги. Омилена игра ми е 3+ на голови. Иако играм долго време, досега немав некоја поголема добивка. Максимум има добиено 100 евра, и тоа на три тикети. И покрај тоа, не се откажав од играње во обложувалница. На крајот, сите оние кои постојано ми велеа да престанам да играм, веќе не ме убедуваат дека треба да престанам да играм во обложувалница“, задоволно коментира новиот 34-годишен сопственик на станот.

Дејан вели дека засега останува да живее во Битола, но дека никогаш не се знае и може некогаш да се пресели во Скопје.

ПОЧНА НОВАТА СЕЗОНА НА ТИПСТЕР КУПОТ, УЧЕСТВУВАЈТЕ И СЕКОЈ МЕСЕЦ БИДЕТЕ ВО ТРКА ЗА ОСВОЈУВАЊЕ 100.000 ДЕНАРИ

Возбудувањата во Типстер купот на Sport Life не сопираат затоа што од 1 октомври е започната новата сезона. Секој месец првопласираните тројца ќе бидат добитници на примамливи парични подароци. Најдобриот типстер во тековниот месец ќе заработи 100.000 денари, за второпласираниот следуваат 50.000 денари, додека третиот ќе добие 20.000 денари. За подетални информации за новата сезона на ТИПСТЕР КУПОТ може да прочитате ТУКА.

- Оглас -

Најнови вести