СТАРТУВАШЕ ТИПСТЕР КУПОТ: Секој месец по 100.000 денари за најдобриот!

Нема одмор за сите љубители на Типстер купот на Sport Life. Неполн месец откако Дејан Кузмановски од Битола се закити со приматот Типстер шампион за минатата сезона и за тоа ја доби главната премија СТАН НА ВОДНО!

И во новата сезона Типстер купот има примамливи изненадувања за сите играчи. Ќе се играат осум фази и сите ќе бидат посебни, без да има финална фаза!

МЕСЕЧНИТЕ ПОДАРОЦИ МАМАТ ЗА ДА БИДЕТЕ ДЕЛ ОД ОВА НАТПРЕВАРУВАЊЕ

Секој месец првопласираните тројца ќе бидат добитници на примамливи парични подароци. Најдобриот типстер во тековниот месец ќе заработи 100.000 денари, за второпласираниот следуваат 50.000 денари, додека третиот ќе добие 20.000 денари. Месечните етапи се:

1. етапа: 1. 10. 2020 – 31. 10. 2020
2. етапа: 1. 11. 2020 – 30. 11. 2020
3. етапа: 1. 12. 2020 – 31. 12. 2020
4. етапа: 1. 01. 2021 – 31. 01. 2021
5. етапа: 1. 02. 2021 – 28. 02. 2021
6. етапа: 1. 03. 2021 – 31. 03. 2021
7. етапа: 1. 04. 2021 – 30. 04. 2021
8. етапа: 1. 05. 2021 – 31. 05. 2021

Секако остануваат и локалните месечни подароци, а тоа значи дека ќе има ваучери за десетте најдобропласирани Типстери во секој објект на Sport Life.

ПОЕНИТЕ СЕ ПРЕСМЕТУВААТ ПО СТАРАТА ФОРМУЛА

Формулата за пресметување поени останува иста, а ќе има седум дена во следниот месец за обработка на сите тикети.

P = A + 20B + 20C

„A“ = „сума на уплата по комбинација“ (ако се работи за тикет со уплата до 800 денари по комбинација), односно „а“ = уплата/комбинации, (пример: уплата од 100 денари на тикет со 4 комбинации = 25 поени);
Значи, збирот „A“ може да изнесува максимум 800 бодови
„B“ = „бројот на типувани парови” на тикет (системите во системските тикети се земаат како една комбинација)
Значи, збирот „20B“ може да изнесува максимум 800 бодови
„C“ = „коефициент на учинок“, т.е. коефициент на учинок = помножени погодени коефициенти на тикетот/помножените промашени коефициенти на тикетот * (број на промашени парови на тикетот + 1).

За сите детали од новата сезона на Типстер купот може да прочитате ТУКА.

- Оглас -

Најнови вести