Репрезентативецот на Канада, Алфонсо Дејвис, сосема е извесно дека налето ќе си замине од Баерн Минхен и кариерата ќе ја продолжи во Реал Мадрид. Токму затоа раководството на Баварците е во потрага по нов лев бек кој ќе треба да го замени Канаѓанецот.
Првиот избор е фудбалерот на Ливерпул, Енди Робертсон, чија вредност во моментов е 35 милиони евра и токму во него се гледа идеална замена за Дејвис. Дваесет и деветгодишниот Робертсон веќе седма сезона е дел од екипата од „Енфилд роуд“, а Баерн Минхен сè повеќе погледите ги врти кон фудбалери од Премиер лигата откако трансферот на Хари Кејн се покажа како вистински потег.