Деклан Рајс ја „отвори душата“: Многу ме боли тоа, мака ми е!

Арсенал завршува уште една сезона без освоен трофеј. Топчиите се на второто место на табелата во Премиер лигата, а денеска ќе гостуваат кај лидерот Ливерпул, но овој меч нема големо значење, затоа што Црвените од „Енфилд роуд“ имаат 15 бодови повеќе и веќе ја прославија титулата.

Деклан Рајс е еден од оние играчи кои ја одбележаа сезоната во дресот на Топчиите. Рајс посебно блесна во Лига на шампиони и тоа во двомечот со се уште актуелниот првак Реал Мадрид, кого успеаа два пати да го победат и да го елиминираат. Рајс постигна два фантастични голови од слободен удар.

Сепак, Арсенал и во Лига на шампиони остана со празни раце, откако во полуфиналето два пати загуби од Пари Сен Жермен. Тоа беше последна шанса за лондонскиот тим да се бори за трофеј, па и оваа сезона им останува без пехар.

„Тоа многу ме боли, ме мачи. Многу ми значи да освојам трофеј. Ова е спорт кој многу го сакам, во кој сакам да успеам. Би било сјајно да освојам трофеи со Арсенал. Имам уште 4-5 години од договорот и можност тоа да го направам. верувам дека можеме“, вели Рајс.

Ѕвездата на Арсенал признава дека Ливерпул сезонава бил најконстантен во Премиер лигата и заслужено е шампион.

„Ако имаш побендички менталитет, многу е тешко да се поднесе тоа. Од друга страна, сепак, Ливерпул оваа година заслужено е најдобар. Не сум тип кој бара оправдувања“, додава Рајс кој во 2023 година од Вест хем направи трансфер во Арсенал.

- Оглас -

Најнови вести