Деклан Рајс немаше дадено гол од слободен удар до вечерва!

Она што го направи Деклан Рајс вечерва, ќе влезе во историјата на Лигата на шампионите, даде два прекрасни гола од слободни удари и го однесе Арсенал со една нога во полуфиналето на Лигата на шампионите.

Шокот за Реал Мадрид е голем, не само поради тоа што загубија во Лондон со 0-3 туку и затоа што не веруваа дека може да им се случи ова. Рајс никогаш немаше дадено гол од слободен удар, а вечерва даде два, и тоа какви, особено спектакуларен беше вториот.

Познато е дека англискиот репрезентативец има добар шут од далечина, но тој никогаш не бил специјалист за слободни удари.

До неговото доаѓање во Арсенал, во Вест хем имаше конкуренција од Ворд-Прауз, кој ги изведуваше слободните удари, а во преселбата кај Топчиите, тој само гледаше, одговорен за слободни удари досега беше Одегард.

Сепак, вечерва Рајс почувствува дека му оди и постигна два прекрасни гола кои ќе ја одбележат неговата кариера.

- Оглас -

Најнови вести