Делуваше како обичен старт, но младиот фудбалер почина (Вознемирувачко видео)

Голема трагедија се случи на меч од Купот на Перу во која почина младиот фудбалер Хелар Гонзалес Алтамирано. Младиот 21-годишен играч имаше судир со противничкиот голман, кој на крајот се покажа како кобен.

Во обид да дојде до топката, фудбалерот се судри со голманот. Најпрво ова делувало дека се работи за еден обичен судир каков што има речиси на секој меч, но на крајот се покажа како трагедија.

Дури откако останатите играчи на Реал Титан, но и на противничкиот тим сфатија дека работата е сериозна, беше повикана лекарската екипа. Младиот фудбалер веднаш бил изнесен на носилки, а Брзата помош веднаш се обидела да го спаси.

Само по еден ден поминат во болница, фудбалерот им подлегнал на повредите. Тој починал откако му пукнала артерија во главата.

„Почивај во мир, пријателе. Ќе те паметиме по твојата љубов кон фудбалот и кон твоето семејство. Нѐ оставаш во голема болка“, стои во соопштението од клубот. Мечот од Купот на Перу бил директно пренесуван на телевизија, па сите кои го следеле овој меч можеле да ја видат трагичната сцена.

 

- Оглас -

Најнови вести