Ден за изненадувања во квалификациите за ЕП 2025, поразени се и светскиот и европскиот шампион

Мечевите од второто коло во квалификациите за пласман на Европското кошаркарско првенство кое ќе се одржи идната година, денеска донесоа две големи изненадувања, поразени се и светскиот и европскиот шампион.

Првото изненадување го приреди Бугарија која во Ботевград со 67:62 го совладаа актуелниот светски шампион Германија. Предводник на Бугарите беше играчот на Басконија, Коди Милер-Мекинтаер кој постигна 25 поени, додека кај светскиот шампион најрасположен за игра беше Оскар да Силва со 15 поени и 12 скока.

Второто големо изненадување го направи селекцијата на Белгија која пак со 58:53 го совлада европскиот шампион Шпанија.

Изненадувачки, ова е втор пораз за Шпанија во квалификациите, Фуријата во првото коло загубу од Летонија со 79:75.

На останатите мечеви немаше изненадувања, селекциите на Летонија, Италија и Црна Гора со двоцифрена разлика славеа против Словачка, Унгарија и Шведска, а сигурна беше и Словенија против Израел.

Резултати:
Турција – Исланд 76:75
Бугарија – Германија 67:62
Летонија – Словачка 64:52
Белгија – Шпанија 58:53
Унгарија – Италија 62:83
Словенија – Израел 88:79
Црна Гора – Шведска 95:70

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

- Оглас -

Најнови вести