Денеска е денот „Д“ за Челзи – Целата историја на клубот зависи од одлуката на Британската влада

Раководството на Челзи денеска е на состанок со претставници од владата на Велика Британија со цел да се олеснат санкциите кон овој клуб, на кој му се заканува банкрот.

Владата одлучи да не се продаваат билети, како и да не им биде дозволено на актуелните играчи да го продолжат договорот, а исто така тимот не може да купува нови. Фан-шоповите се затворени, а сите овие рестрикции кон клубот и Роман Абрамович ќе траат до 31 мај, а потоа дополнително ќе се одлучи дали тие ќе се продолжат.

Доколку денеска не се дојде до некое соломонско решение, англиските медиуми велат дека целиот клуб би можел да се распадне за повеќе од две седмици, со што ќе се зададе голем удар и на самата Премиер лига.

А иднината на фудбалерите ќе биде неизвесна и тие ќе мора да го дочекаат крајот на сезоната, па потоа да пронајдат нова средина. Челзи под водство на Абрамович стана еден од најдоминантните клубови во Англија, освојувајќи две титули во Лигата на шампионите и пет во Премиер лигата.

- Оглас -

Најнови вести