Денеска е најсреќен ден во животот на Гризман, сите три ќерки слават роденден

Осми април е најсреќниот ден во животот на фудбалерот на Атлетико Мадрид и француски репрезентативец, Антоан Гризман, како и на неговата сопруга бидејќи нивните три ќерки се родени токму на денешен ден.

Неговите ќерки не се близначки, туку се родени во различни години.

 

Најстарата ќеркичка на фудбалерот, Миа, е родена во 2015 година, три години помлада е Амаро, додека најмалата ќеркичка Албар денеска го слави третиот роденден.

- Оглас -

Најнови вести