Арсенал е носител, но може да добие пеколен противник во Лигата на Европа, екипите кои се неносители се во подобра ситуација

По синоќа одиграните реванш-мечеви во Лигата на Европа и Конференциската лига, останаа најдобрите 16 клуба кои ќе се борат за трофеите во второто и трето по ранг натпреварување на УЕФА.

Барселона е гигантот кој синоќа испадна од Лигата на Европа откако загуби во дербито од најтрофејниот англиски клуб Манчестер јунајтед. Денеска во 12 часот ќе биде ждрепката за осминафиналето, а интересно е дека делот каде што се неносителите е многу поатрактивен од тој во кој се носителите.

Во следната фаза можно е да има уште некое големо дерби затоа што Арсенал како носител може да добие една од екипите како Јувентус, Рома, Севилја, Спортинг Лисабон, Баер Леверкузен…

Во оваа фаза од ждрепката не може да се паднат екипи од иста земја. Првите мечеви ќе се играат на 9 март, а реваншите се една недела подоцна, односно на 16 март. Финалето во Лигата на Европа ќе се игра на „Пушкаш арената“ во Будимпешта на 31 мај.

ЛИГА НА ЕВРОПА

НОСИТЕЛИ: Арсенал, Бетис, Фенербахче, Ференцварош, Феенорд, Фрајбург, Сосиедад, Унион Сент-Гилос.

НЕНОСИТЕЛИ: Унион Берлин, Манчестер јунајтед, Јувентус, Баер Леверкузен, Рома, Севилја, Спортинг, Рен.

Во 13 часот ќе биде ждрепката која ќе ги одреди паровите во Конференциската лига, а и тука се познати екипите кои се носители, а кои ќе бидат во делот на неносители.

КОНФЕРЕНЦИСКА ЛИГА

НОСИТЕЛИ: АЗ Алкмар, Ѓургарден, Истанбул Башакшехир, Ница, Сиваспор, Слован Братислава, Вилјареал, Вест хем.

НЕНОСИТЕЛИ: Андерлехт, Базел, Лацио, АЕК Ларнака, Фиорентина, Лех, Шериф, Гент.

 

- Оглас -

Најнови вести