Денеска не е обичен ден, на фудбалските терени се враќа Златан Ибрахимовиќ

Шансите за победа на Милан на вечерашното гостување кај СПАЛ во Ферара пораснаа откако клубот ја објави листата на кандидати за настап на дуелот. На списокот го има и напаѓачот Златан Ибрахимовиќ, кој имаше пауза од 115 дена. Швеѓанецот закрепна од повредата, а ги пропушти трите меча од продолжувањето на сезоната наваму.

Со Ибра во тимот, Милан добива многу, само останува да се види колкава минутажа ќе добие и колку е подготвен да им помогне на Росонерите, кај кои за место во стартниот тим од напаѓачите ќе се бира меѓу Ребиќ, Кастилјехо, Леао и Малдини. Според тренерот Стефано Пиоли, Златан е силен како лав.

„Психолошки тој е многу добро подготвен, како лав е, максимално е посветен и мотивиран“ – рече Пиоли.

Ибрахимовиќ во кариерата никогаш не играл против СПАЛ, а ако даде гол, тоа ќе му биде 29-тиот различен тим во Италија против кого постигнал гол. Милан има две победи по ред, тимот оди на хет-трик.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

- Оглас -

Најнови вести