Денеска нема прволигашки фудбал, снегот ги одложи петте меча

Петте натпревари од првата македонска фудбалска лига кои требаше да се играат денеска, поради снежните врнежи, се одложени, и ќе се играат в среда.

„Поради снежни врнежи на територијата на цела држава, Комисијата за натпревари на ФФМ ги одложи преостанатите пет натпревари од 22. коло во 1. МФЛ кои на програмата требаше да се одиграат денеска (6. март) и ги пренасочи да се одиграат на 09.03.2022 година, среда, со почеток во 14 часот“ – објавија од ФФМ.

- Оглас -

Најнови вести