Денеска од 20 часот – Сензационален камбек на Петр Чех на меч на кој никогаш не очекувал да брани

Вечерва од 20 часот Петр Чех ќе има сензационален камбек на меч на кој веројатно и никогаш не очекувал да брани, а ќе биде на голот на младиот тим на Челзи за играчи до 23 години во развојната лига на Англија против Тотенхем.

Чех точно по 19 месеци откако се пензионира, се согласи да биде во комбинација за мечот на талентите на двата тима од Лондон бидејќи домаќините немаат друга опција.

Стандардниот голман на младата екипа на Челзи, Лукас Бергстром, ќе биде поштеден бидејќи бранеше во саботата, односно 48 часа пред дуелот со Тотенхем.

Втората опција, 19-годишниот Карло Зигер беше приклучен на тренинзите на сениорскиот тим, па и тој не е опција за да го брани голот вечерва.

Oстана последната и најневеројатната опција што никој не можеше ниту да ја претпостави, па 38-годишниот ветеран, кој одамна веќе година и половина е во пензија, прифати да биде на голот на лондонското дерби на надежите на Челзи и Тотенхем.

Челзи моментно е на третото место во првата група од развојната лига на Англија и ако победи вечерва, ќе биде лидер со 19 бода, пред Манчестер сити и Блекбурн, екипи кои по 10 кола, имаат по 18 бодови.

 

- Оглас -

Најнови вести