Денеска почнува новогодишната турнеја „4 скокалници“, нема јасен фаворит за победа

На скокалницата во Оберстдорф, денеска од 16.30 часот почнува 73-тото издание на новогодишната турнеја „Четири скокалници“, а убавината ќе биде во тоа што нема јасен фаворит за победа и повеќемина ски скокачи ќе конкурираат за освојување на „златниот орел“.

Во квалификациите доминираа Австријците, Штефан Крафт повторно е во редот на топ фаворити, иако не е во ланската форма кога го освои Светскиот куп, сезонава нема ниту една победа. Крафт во 2014-2015 беше последен Австриец кој триумфирал на турнејата, а Германците чекаат уште од 2001-2002. Сезонава главен германски адут е 34-годишниот Пијус Пашке.

Бившите шампиони имаат голем пад и се мачат, и не се очекува некој од нив да го повтори успехот. Лани на „Четири скокалници“ победи Јапонецот  Рјоју Кобајаши.

- Оглас -

Најнови вести