Денвер е непобедлив откако го купи Гордон, налутениот Јокиќ почна да тепа (Видео)

Арон Гордон седум сезони играше за Орландо меџик, ги знае сите добри и лоши страни на тој тим, па синоќа, кога како играч на Денвер првпат заигра против Магичните, тој со 24 поени беше прв стрелец на Нагетс и даде голем придонес во победата од 111-109. Откако го ангажира Гордон, Денвер на четири меча има четири победи.

Никола Јокиќ за малку не направи трипл-дабл, му фалеше еден скок, но додаде дури 16 асистенции покрај 17-те поени. Џамал Мареј постигна 22 поени, а Мајкл Портер 20 поени и 12 скока. Гостите од Орландо имаа 18 поени предност по првото полувреме, но Грутките направија пресврт.

Јокиќ не е задоволен како го третираат судиите, почна и јавно да искажува нервоза и незадоволство. Синоќа против Орландо не беше досуден фаул над него, па тој направи еден доста груб фаул и тргна кон судијата да побара објаснување зошто не досудил лична грешка над него.

Њу Орлеанс го победи Хјустон со 122-115 во меч на кој Лонзо Бол погоди осум тројки, што е негов личен рекорд. Тројкашки расположени беа и играчите на Бостон кои со 21 тројка го потопија Шарлот и го победија со 116-86. Атланта беше подобра од Голден стејт со 117-111, Филаделфија загуби од Мемфис со 100-116.

https://twitter.com/i/status/1378905097741103105

- Оглас -

Најнови вести