Денвер и Далас немоќни без повредените Јокиќ и Дончиќ (Видео)

Изминатата ноќ во НБА-лигата мина без две од најголемите ѕвезди на овој спорт. Никола Јокиќ и Лука Дончиќ поради поситни повреди не настапија за Денвер и Далас, што ги чинеше пораз двете екипи од Оклахома, односно Минесота.

Посебно убедлив беше поразот на Далас, кој загуби со 121-87 на гостувањето кај Минесота, додека Денвер беше поразен само со пет поени разлика на гости кај Оклахома со 115-110.

Нема информација за каков тип повреда се работи, но според информациите, повредите не се сериозни и кошаркарите не настапиле заради претпазливост.

Резултати:

Шарлот – Чикаго 110-117
Кливленд – Детроит 128-121
Вашингтон – ЛА Клиперс 109-125
Мајами – Сакраменто 115-106
Хјустон – Њу Орлеанс 99-110
Минесота – Далас 121-87
Оклахома – Денвер 105-100
Сан Антонио – Орландо 98-108
Бруклин – Феникс 120-136
Портланд – Милвоки 119-116

- Оглас -

Најнови вести