Вечерва во арените во САД ќе се одиграат осум натпревари од НБА-лигата за кои Sport Life подготви одлична понуда за обложување. За секој меч има по 161 комбинација за играње.
Најинтересно ќе биде во „Литл Цезар арената“ во Детроит, каде што гостува шампионот Денвер нагетс. Денвер, кој игра без повредениот Џамал Мареј, се наоѓа во мини-серија од два порази по ред (од Кливленд и Њу Орлеанс) и ја има фаворитската улога.
Работата на Денвер треба да му биде олеснета поради неиграњето на еден од најдобрите играчи на Детроит, Бојан Богдановиќ, а неизвесен е настапот и на Дурен, Харис, Хејнс, Морис и Ливерс.
Поблиску до победите на гости се и Бостон и ЛА клиперс во дуелите со Шарлот и Сан Антонио, додека Голден стејт нема друга опција, мора пред своите гледачи да слави против Хјустон рокетс и да ја прекине серијата од шест порази по ред.
Во понудата на Sport Life има и 48-мина кошаркари кои ќе бидат дел од понудата за „плус-минус“ поени. Највисоката граница изнесува 30,5 поени, и тоа за Никола Јокиќ.