Денвер нема друг избор и мора да победи на гости, Атланта и Филаделфија пред домашни предизвици да останат „живи“

Три натпревари од НБА плејофот се ноќеска на понудата, а интересно е дека на сите три, во улога на фаворити се гостинските екипи. Денвер гостува кај Минесота која има предност од 3:2 во победи, но домашниот тим ќе биде без главниот адут, Ентони Едвардс кој е повреден. Токму затоа, Минесота иако игра на свој терен и е на чекор од пласман во следната фаза, е во улога на аутсајдер.

Притисокот на домашниот терен ќе го имаат екипите на Атланта и Филаделфија. Јастребите губат со 2:3 во победи од Њујорк, а во иста ситуација се и 76-ките кои го пречекуваат фаворизираниот Бостон.

Повеќе од 30 кошаркари се дел од понудата за „плус-минус“ поени на играчите кои треба да се појават на терените на трите средби. Никола Јокиќ да биде во „плус“ мора да постигне барем 30 поени. Кај Филаделфија гранцата за Џоел Ембид да биде во плус е на 27,5 поени.

 

- Оглас -

Најнови вести