Дерби дуели и квоти од 2.00 до 2.40 во Квотите на денот на Sport Life (Фото)

Пет натпревари од топ-5 европските фудбалски лиги се дел од Квотите на денот на Sport Life. Два натпревари се од Премиер лигата, оној на Ливерпул против Брентфорд и дербито помеѓу Челзи и Манчестер сити, потоа римското дерби помеѓу Лацио и Рома, како и по еден меч од Бундес лигата и Ла Лига. Квотите се движат помеѓу 2.00 и 2.40, а вкупно прават одличен тикет со квота од 55.7.

Понудата ја отвораат екипите на Ливерпул и Брентфорд, дуел на кој домашните се фаворити, а понудената квота од 2.00 ќе биде добитна доколку “црвените“ од Енфилд постигнат по најмалку еден гол во двете полувремиња.

Квотата за натпреварот помеѓу Челзи и Манчестер сити е 2.35, а ќе биде добитна доколку “граѓаните“ не загубат на “Стемфорд бриџ“, но и ако се тресат двете мрежи, односно мечо заврши “гол-гол“.

Најголемата квота од понудените во Квотите на денот е за натпреварот помеѓу Лацио и Рома, 2.40, која ќе биде добитна доколку на римското дерби има помеѓу еден и три гола и во првото и во второто полувреме.

Лајпциг е голем фаворит против Фрајбург, а квотата од 2.10 ќе биде добитна само ако домашните победат и бидат постигнати голови во двете полувремиња, без разлика во чија мрежа.

Понудата ја затвораат екипите на Атлетико Мадрид и Виљареал, на кој се очекува домашните да имаат водство на полувремето, но и да победат на крајот. Доколку ова се оствари и на натпреварот има најмалку два гола, тогаш квотата од 2.35 ќе биде добитна.

- Оглас -

Најнови вести