Типувањето во 27-мото коло на најпопуларната бесплатна игра во Македонија, Спортската прогноза на Sport Life, е во најголем ек, а викендов на програмата се многу интересни натпревари.
Има неколку дерби-дуели, а во фокусот е пресметката за титулата во Премиер лигата меѓу Манчестер сити и Арсенал. Најголем дел од прогнозерите очекуваат триумф на Граѓаните, што уште повеќе би ја вжештило шампионската трка во Англија.
Градско дерби има и во Ливерпул, а иако се гости кај Евертон, Црвените се фаворити, според играчите на Спортската прогноза кои досега се изјасниле.
Челзи го пречекува Манчестер јунајтед и е умерен фаворит во дуелот што некогаш решаваше и за титула.
Големо дерби има и во Лисабон, Спортинг ја пречекува Бенфика и само победа го остава во трка за титулата со лидерот Порто.
Прогнозерот кој ќе има 13 погодени натпревари на подарок ќе добие iPhone 16. За 12 погодени меча следува вредносен ваучер од 1.000 денари во Sport Life, додека 11-ката носи ваучер од 500 денари. Најдобриот во генералниот пласман ќе добие подарок смарт телевизор самсунг 55“.


