Ѓоковиќ ќе го пропушти турнирот во Мадрид

Српскиот тенисер Новак Ѓоковиќ нема да учествува на мастерс турнирот во Мадрид, соопштија организаторите.

Во официјалното обраќање беше потврдено дека Србинот нема да настапи на годинашното издание на турнирот во шпанската престолнина.

„Новак Ѓоковиќ, трикратен шампион во Мадрид, нема да учествува на овогодишното издание на нашиот турнир. Се надеваме дека ќе се врати на теренот што е можно поскоро и дека сите ќе уживаме во неговите мечеви како што тоа го правевме со години во ‘Каха Маџика’“, се наведува во соопштението на турнирот.

Ѓоковиќ и претходно најави можност за отсуство, укажувајќи на здравствени проблеми.

Со одлуката да го прескокне Мадрид, Ѓоковиќ ќе го пропушти и третиот последовен мастерс турнир оваа сезона откако не настапи во Мајами и во Монте Карло. Претходно играше само во Индијан Велс.

Како што се наведува, причината за ваквата одлука е проценка дека настапот би носел преголем ризик за неговата здравствена состојба, па приоритетот е насочен кон закрепнување и подготовка за следните предизвици, пред сè Ролан Гарос.

- Оглас -

Најнови вести