Дербијата во четвртото коло на Спортска прогноза може да ви донесат „ајфон 11“

Второто коло на Спортска прогноза докажа дека и не е толку тешко да се стигне до максимален број погодени натпревари и освојвање на првата награда „ајфон 11“, па голем број прогнозери си го испробаа знаењето во третата рунда, која веќе е минато, а од денеска имате нова шанса во бесплатната игра на Спорт Манија и Sport Life.

Четвртото коло веќе е достапно за типување од денеска, од 14 часот.

Стандардно, за типување ќе имате време на располагање до сабота во 15.30 часот, кога почнува првиот натпревар што ни е на менито на Среќна 13-ка. Овојпат немаме мечеви кои се играат во понеделник, в недела вечер ќе се знае дали има добитници на награди.

Авантурата Бремен и Келн со дуелите Вердер – Арминија Билефелд, односно Келн – Менхегладбах. В сабота во 17 часот почнува мечот Ленс – Сент Етјен од француската лига. Од саботната понуда тука се и паровите Валенсија – Бетис и Њукасл – Барнли, мечеви кои се играат во вечерниот термин од 21 часот.

Недела ќе биде ден за дербија. Во понудата ги имаме Мец – Лориен, Лацио – Интер, Волфсбург – Аугсбург, Манчестер јунајтед – Тотенхем, Кадис – Гранада, Јувентус – Наполи, Лион – Марсеј и Барселона – Севилја.

Резервни парови се Удинезе – Рома и Брест – Монако. Тие носат важни поени во битката за Генерален пласман и за конечен победник во третата сезона на Спортска прогноза.

 

 

- Оглас -

Најнови вести