Дербијата во Рим и Лондон се вистински предизвик за прогнозерите

Во новото, 23-то коло на Спортска прогноза кое од вчера е достапно за типување има два дерби-натпревари кои ќе треба добро да се анализираат пред да се приложи конечната прогноза. Меѓу 13-те парови се најдоа дуелите Лацио – Интер и Челзи – Манчестер јунајтед.

Лацио – Интер (недела, 20:45ч)

Вечниот Град е подготвен за спектакл ако се знае дека овие две екипи се најголемите конкуренти на Јувентус во трката за шампионскиот престол во Италија. Интер поради подобра гол-разлика засега е на врвот со еднаков број бодови колку и Старата дама (54), додека Лацијалите заостануваат само еден бод.

Јасно е дека битката ќе биде неизвесна, но ако се земат предвид последните пет меѓусебни дуели кои се одиграа на „Олимпико“, Интер е фаворит бидејќи славеше во четири средби. Воедно Нераѕурите ќе целат на двоен триумф против Лацио бидејќи првата овосезонска пресметка ја добија со минимални 1-0.

Челзи – Манчестер јунајтед (понеделник, 21ч)

И во главниот град на Англија со нетрпение ќе се чека дерби-мечот меѓу Челзи и Манчестер јунајтед. Двете екипи по десетина дена пауза им се враќаат на обврските во Премиер лигата, а интересно е што во овој меч ќе влезат со слична форма и без триумф во последните три кола.

Тоа значи дека само победа ќе ги задоволи Сините, односно Црвените ѓаволи, со оглед на тоа дека пласман во топ 4 е императив на двата гиганти. Сите се сеќаваат на дебаклот кој го претрпе Челзи на „Олд Трафорд“ при стартот на оваа сезона во првото коло. Јунајтед славеше со големи 4-0, а воедно тимот на Солскјер потоа триумфираше и на „Стемфорд бриџ“ со 2-1 во рамките од Лига купот на Англија.

Доколку успеете да имате перфектна прогноза до понеделник навечер, ќе ви остане уште еден чекор до главната награда, прекрасниот „ајфон“, а тоа е точно да се прогнозира дербито во Лондон.

Повелете со вашите прогнози, а секогаш има неограничено место и за нови прогнозери кои се добредојдени. Наградите се одлични, забавата е загарантирана, секогаш е поинтересно кога има дополнителни мотиви за следење на натпреварите, а Sport Life наградува со телефони, ваучери, телевизори, СЛ Маркет поени…

- Оглас -

Најнови вести