Дербито на Манчестер е во фокусот на новото коло на Спортската прогноза

Има доволно време за типување во 14-тото коло од најпопуларната бесплатна игра во Македонија, Спортската прогноза на Sport Life. Има возбудливи двојки, но дефинитивно најголемо внимание привлекува дербито на Манчестер меѓу Сити и Јунајтед.

Според предвидувањата на прогнозерите, огромен фаворит е Манчестер сити, а во победа на Манчестер јунајтед веруваат помалку од 10% од тие што досега типувале.

Типувањето за ова коло на Спортската прогноза е отворено до сабота во 14 часот, кога почнува првиот натпревар од основната 13-ка.

Прогнозерот кој ќе има 13 погодени натпревари ќе може да си одбере еден од подароците (Смарт ТВ самсунг 55” 4K, Xiaomi електричен тротинет, PlayStation®5). За 12 погодени мечеви следува вредносен ваучер од 1.000 денари во Sport Life, додека 11-ката носи ваучер од 500 денари.

- Оглас -

Најнови вести