33.8 C
Skopje
сабота, 6 септември 2025

Дерби во Лигата на шампионите се игра на стадион на стравот (Видео)

Застрашувачки е погледот на дел од трибините на стадионот „Сан Паоло“ во Неапол. Дури постои и реална можност за страшна несреќа, посебно кога се во прашање децата. На трибината од горните редови на третиот најголем стадион во Италија постои можност некое помало дете дури да падне во провалија.

Снимката која се појави на интернет пред денешниот меч со Ливерпул покажува дека недостасува дел од заштитната ограда под столчињата, а под столчето се наоѓа неколку десетици метра висока провалија.

Неверојатно е како УЕФА дозволува Наполи своите мечеви од ЛШ да ги игра на овој стадион, кој има капацитет од 69.240 седишта. Поголеми стадиони во Италија се само „Сан Сиро“ во Милано и „Олимпико“ во Рим.

 

- Оглас -

Најнови вести