Дербито во НБА е во „Медисон сквер гарден“, ќе игра ли Кралот Џејмс во култната арена по три години пауза?

Леброн Џејмс има големи шанси да игра за Лос Анџелес лејкерс против Њујорк никс ноќеска, во култниот „Медисон сквер гарден“, иако има повреда на глуждот на левата нога.

Кралот на кошарката паузираше еден меч и Лејкерс убедливо загубија од Бруклин нетс, па сега веројатно ќе игра против нивните соседи, Њујорк никс.

Неизвесно е дали ќе игра и Ентони Дејвис, а токму од таа причина Њујорк е фаворит против 17-кратниот НБА-шампион.

Џејмс не играл во „Медисон сквер гарден“ од 2000 година, а интересно е што му фалат само 117 поени за да биде најдобар стрелец на сите времиња во НБА-лигата пред Карим Абдул Џабар.

Мечот меѓу Њујорк никс и Лос Анџелес лејкерс го има во понудата на Sport Life со уште четири натпревари.

Понудата е филувана и со листа од 24-ица кошаркари на кои можете да се обложувате со плус или минус поени.

 

- Оглас -

Најнови вести