Новото, 11-то коло од Спортска прогноза ќе биде отворено со натпреварот меѓу Лестер и Арсенал.
Дерби-натпреварот од Премиер лигата, кој се игра со термин од сабота во 13:30 часот, ќе биде една од најитересните средби викендов, а прогнозерите веруваат во победа на Лисиците.
Дури 46,89% од нив сметаат дека Лестер ќе ги победи Топчиите, за кои, пак, само 27,47 проценти веруваат во гостински три бода.
Најмал е процентот (25,64%) за нерешениот исход. Останува интересно да се види каков ќе биде на крајот конечниот исход и колку играчи ќе останат во борбата за „ајфон 12“ по првата препрека.
За да се дојде до прекрасниот „ајфон“, потребно е да се погодат сите 13 пара, а за учество ви треба само да имате СЛ картичка од Sport Life, која можете бесплатно да ја добиете на некое од уплатните места.
И тие што имаат промашувања се добитни, со 12 погодени парови ви следува ваучер од 1.000 денари, а со две промашувања ќе добиете ваучер од 500 денари. Важни се и поените од двата резервни пара кои важат во битката за првото место во Генералниот пласман.
Шампионот на крајот од четвртата сезона на Спортска прогноза ќе добие ТВ Смарт од 48 инчи, а ќе има награди во поени од СЛ маркетот на Sport Life за останатите четворица прогнозери што ќе бидат пласирани во Топ-5.