Десет наши храбри јунаци што им пркосат на најтешките фудбалски времиња

Адис Јаховиќ денеска ќе го предводи нападот на Анталијаспор против Сиваспор од 18 часот и ќе ја комплетира храбрата македонска десетка фудбалери кои играа во досега веројатно најтешкиот и најдраматичен фудбалски викенд во модерното доба.

Во екот кога Коронавирусот зема замав, Адис ќе се обиде со голови, што се негова специјалност, во Турција да ѝ донесе победа на Анталијаспор и бегство од опасната зона во помирни води, кон средината на табелата. Јаховиќ е на делба на третото место на листата со најдобри стрелци во турското првенство, со 13 голови, колку што има Ведат Муричи, репрезентативецот на Косово и член на Фенербахче.

Пред Јаховиќ, викендов, што со фудбалски речник го опфаќа периодот од петок до понеделник, играа и репрезентативците Висар Муслиу за МОЛ Фехервар во ремито 1:1 против Диошѓер на Мирко Ивановски и Кире Ристевски, чиј клуб Ујпешт одигра идентично реми 1:1 со Пакс.

Марко Ѓорѓиевски настапи за Вождовац во поразот од Партизан со 1:2, потоа и Зоран Даноски за Радник исто така во пораз од 1:2 против Бачка Топола, а резерва на истиот меч беше Бобан Георгиев.

За своите клубови во земји во кои немаше забрана за фудбал играа и Александар Тодоровски за Раднички Ниш, потоа и Остоја Стјепановиќ за Рад, а Ердон Даци беше резерва за Коњаспор.

 

- Оглас -

Најнови вести