30.8 C
Skopje
вторник, 19 август 2025

Дете на Роналдо било натепано на училиште во Саудиска Арабија

Партнерката на Кристијано Роналдо, Георгина, во интервју за шпански медиум, откри дека едното дете им било натепано на училиште во Саудиска Арабија.

Георгина призна дека имале мали потешкотии околу прилагодувањето на новата средина која е поразлична од сите досегашни каде што живееле, а децата доживеале физичко насилство.

„Пред некој ден едно мое дете дојде дома и почна да плаче. Прашав што се случило, а добив одговор дека било удрено од друго дете. Му реков: па не знаеш ли да се браниш? Има моменти на училиште кога се удрени, а не се бранат“ – се пожали Георгина.
- Оглас -

Најнови вести