Дете со лизгачки старт „му влезе“ на претседателот на УЕФА (Видео)

Интересна ситуација се случи на ревијалниот натпревар на младите надежи на словенечкиот фудбал против поранешни ѕвезди, како Луис Фиго, Флоран Малуда, Миленко Ачимовиќ, а настапи и првиот човек на УЕФА, Александер Чеферин.

Во еден момент, едно од децата можеби заборави против кого игра, а можеби и со намера, во обид да му ја одземе топката на 51-годишниот Чеферин, влезе во него со класичен лизгачки старт. Претседателот на УЕФА падна на земја, но со насмевка го проследи потегот на малиот словенечки фудбалер.

„Нас родителите нè тераа да се вратиме дома, а денешните деца ги тераат да излезат од дома. Тоа е голем проблем. Сите се залепени за мобилните телефони и компјутерите. Се плашам дека тие романтични времиња кога повеќе бевме на улица и спортувавме веќе никогаш нема да се вратат. Мораме да поработиме на тоа да ги оттргнеме децата од компјутерите“, рече Чеферин.

Ова се случи во Љубљана, градот во кој деновиве Извршниот комитет на УЕФА имаше серија состаноци на кои донесе значајни одлуки.

Погледнете како Чеферин беше кутнат на земја и неговата реакција кон детето:

- Оглас -

Најнови вести