Детенце требаше да ја фрли паричката пред меч и направи шоу (Видео)

Главниот потег на мечот на меѓу РКЦ Валвијк и ВВ Венло се случи уште пред да започне дуелот. Покрај судиите, на теренот се појави и едно симпатично детенце кое доби задача да ја фрли паричката во воздух и потоа да се одреди кој тим ќе го има првиот напад.

Сепак, детенцето наместо во висина, паричката силно ја фрли напред пред себе. Капитените на двата тима и судиите се насмеаа од овој потег, а детенцето се стрча кон паричката и виде како е падната, па сепак успешно си ја заврши работата и беше одлучено кој тим ќе го има првиот напад.

 

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

- Оглас -

Најнови вести